недела, 31 август 2008

Црно-бела фотографија

Земете црно-бела фотографија, доколку немате за оваа вежба може и во боја која ќе ја правиме во црно-бела со помош на командата Image-Mode-Grayscale.

Подготовка на фотографијата: зголемете го контрастот на оваа фотографија со помош на командата Levels која можете да ја најдете во Image-Adjustments-Levels (Input Levels: 3 – 1.00 – 170/ Output Levels: 0 - 255). Истото можете да го направите и со помош на командата Image-Adjustments-Brightnes/Contrast.

Чекор 1. Со помош на лизгачот како на сликата горе зголемете го контрастот на сликата, повлекувајќи ги лизгачите кон внатрешноста. Воглавно треба да ги поставите да се наоѓаат на поќетокот и крајот на дијаграмот кој кој што е прикажан.

На сликата можете да го видите резултатот од предходниот чекор. Пазете да не претерате.

Чекор 2. Бидејќи вашата слика е во Gray scale modu (црно-бело) и има само еден канал за да почнете со боење морате да го промените модот во CMYK и да добиете три канали за да боењето биде можно, а тоа можете да го направите со командата Image-Mode-CMYK.

Зошто е ова важно? Сите бои кои можете да ги замислите можат да се добијат со мешање на трите бои: cijan, magenta, yellow. Со мешање на овие три бои и црната која ја регулира светлината Ќе ја добиете вашата фотографија.

Чекор 3. Притиснете го копчето D за да изберете default бои за foreground и background боја (црна и бела) и тие ќе ни служат за нанесување маска што е еден од начините за бирање (селекција) на поединечни делови од фотографијата.

Прва работа што ќе ја обоиме e кожата и мораме прво да ја избереме командата Quick Mask.

Чекор 4. Пронајдете ја оваа икона и кликнете на неа да ја поставите маската преку фотографијата. Ништо не се случи. Продолжуваме понатаму.

Чекор 5. Земете ја алатката Brush tool и подесете ја вредноста Hardness 100% на линија особина (тврд раб) и започнете со боење на се освен кожата. Како ќе боите четката ќе остава црвена трага зад себе, Но тоа е само маска.

Маскирајте ги сите делови на сликата кои сакате да ги задржите (изолирате) од идната обработка. Во случај на грешка да сте обоиле дел од кожата употребете ја белата боја за бришење на маската.

Кога ќе завршите сликата треба да изгледа вака.

Што направивме? Површината која е црвена е маскирана и заштитена од обработка. Во следниот чекор ќе ја видите магијата на оваа алатка.

Чекор 6. Притиснете го копчето Q или иконата Edit in Standard Mode во кутијата со алатки за да излезете од режимот Quick Mask и околу овршината која не ја прекри маската се појавила селекција, супер, зар не. Вака ја одбравме кожата. Исотото можеме да го направиме и со алатките Lasso но мислам дека вака е полесно.

Сега можеме да почнеме со боење

Чекор 7. Направете нов слој Layer-New Adjustment Layer-Curves и кога ќе се отвори прозорец како на сликата долу запишете го името на слојот (кожа) и задолжително потврдете ја опцијата (Use Previous Layer........), а останатото не го менувајте.

Ако погледнете на палетата Layers ќе забележите нов слој. Истовремено ви се отвора рамка за дијалог Curves и во него ќе го добиете селектираниот дел (кожата).

Чекор 8. Рамката за дијалог Curves можете да ја видите на сликата долу со тоа што се прикажани дијаграмите на сите три бои ќе ги употребите (измешате) за да ја добиете бојата на кожата.

Во паѓачката листа (заокружено на сликата) прво одберете ја бојата Cyan и подесете ја кривата како на сликата (притиснете со глувчето на кривата повеќе приближно на положба како на сликата долу). Потврдете ја постапката Magentu i Yellow како на сликата долу, а Black не ја чепкајте.

Со повлекување на кривите во дијаграмот автоматски се добива резултат на фотографијата и воедно следите што се случува на сликата додека ова го работите и ја дотерувате бојата до саканиот резултат. Водете сметка дека конечната боја зависи од сите три.

Во овој случај помешувате благо светла плава со благо темна црвена и жолта.

Потврдете ги чекорите 4 и 5 и поставете маска преку девојката за да ја изолирате од следна обработка и оставате слободна позадина на фотографијата.

Потврдете ги чекорите 6 и 7 и погледнете на палетата Layers, треба да изгледа како на сликата.

Чекор 9. Кога ви се отвора рамка за дијалог подесете ја бојата на позадината по ваша желба мешајте ги овие три бои како во чекор 8 (како сакате). Слободно повлекувајте ги кривите во дијаграмот и пронајдете за вас оптимално решение. Еве го резултатот.

Како што гледате усните се сиви, а за да ги обоиме нив ќе употребиме друг метод кој што е згоден за дотерување ситни детали.

Чекор 10. Направете нов слој (Layers- New Layer) и променете го моделот Color како на сликата.

Чекор 11. Земете ја алатката Brush tool , подесете големина на четка и потоа со црвена боја обоете ги усните.

Резултатот е видлив.

Оваа фотографија можете повторно да ја вратите во RGB мод со помош на командата Image-Mode-RGB ако тоа го сакате и снимете ја во JPEG формат.

Обидете се да работите со фотографија со повеќе детали и после макотрпната работа сигурно ќе бидете задоволни од резултатите.

сабота, 30 август 2008

За почетници

1. Стартувајте го PhotoShop

2. Отворете ги фајловите Tour.psd, CD.psd, Horn.psd

3. Прозорците распоредете ги така да можете да работите со леснотија

СЕЛЕКЦИЈА

1. кликнете на насловната линија на прозорецот CD.psd и активирајте го

2. задржете го глувчето на алатката за селекција за да ви се отвори елиптичната алатка за селекција, изберете ја и кликнете на горниот лев агол на сивата позадина од сликата и влечете дијагонално. Потоа задржете го копчето Shift за елиптичната селекција се замени со кружна и повлечете во долниот десен ахол на сликата.

3. Штом рамката за селекција ви се поклопи со надворешната ивица на CD –то отпуштете го копчето на глувчето а потоа и копчето Shift.

4. Изберете ја алатката за преместување Move tool поставете ја во внатрешноста на селектираниот дел и повлечете го CD –то на прозорецот Tour.psd.

5. Иберете Edit-Free Transform. Смалете ја сликата на околу три четвртини од моменталната големина, при тоа држете го копчето Shift.

6. Заротирајте ја сликата за околу 30 степени во насока на стрелките на часовникот, а потоа притиснете го копчето enter за да се прифати трансформацијата.

7. Сега изберете ја другата алатка за селекција (Magic Wand tool) – бира површини на основа на нивната сличност по боја. Кликнете на прозорецот Horn.psd и активирајте го.

8. Кликнете на белата позадина во горниот десен агол на сликата. Ќе забележите дека не е целата бела позадина избрана на овој начин.

9. Изберете Select-Similar за да го додадете и остатокот на позадинатаза селекција. Сега е избрано се освен дувачкиот инструмент.

10. Изберете Select-Inverse, со што се избира она што не било избрано- во овој случај тоа е дувачкиот инструмент

11. Задржете го притиснато копчето Ctrl поставете го покажувачот на глувчето во селекцијата и повлечете го дувачкиот инструмент на прозорецот Tour.psd (Со држење на копчето Ctrl моменталната алатка привремено се менува во алатка за преместување). Преместете го дувачкиот инструмент во долниот лев агол на сликата.

12. Изберете File – Save as. Изберете фолдер каде сакате да го зачувате фајлот и дајте му име на пр. Work01 и кликнете Save.

13. Затворете ги прозорците CD.psd и Horn.psd.

СЛОЕВИ

Photoshop ви овозможува својата уметничка работа ја организирате на одделни провидни слоеви со чија помош едноставно ќе изработите сложени слики и примените различни ефекти.

1. Ако палетата Layers не е видлива на екранот изберете Windows- Layers

2. Забележувате дека овој фајл што го работите има неколку слоја. Ако пред слојот има око слојот е видлив а четката значи дека е и активен. Значи за да го скриете слојот кликнете повторно на окото. Со промена на редоследот на слоевите се менува и редоследот на сликата на уметничкото дело.

3. Повлечете го слојот со дувачкиот инструмент да се најде помеѓу слојот со CD –то и позадината Background. Така дувачкиот инструмент сега се наоѓа позади CD –то во уметничкото дело.

4. Активирајте го слојот со CD-то за да ја промените непровидноста на 40% ( На прозорецот Layers во полето Opacity ставете 40% или лизгачот повлечете го на 40% ). Сега останатите слоеви се видливи низ CD-то. Со одредување на режимот на мешање се прецизира однесувањето на еден слој во однос на друг.

5. Изберете Multiply од менито за режими во горниот лев агол на палетата Layers. Ќе забележите како CD-то се соединува со слоевие кои се наоѓаат под него. Сега можете да внесувате текст и да го обработувате.

6. Изберете ја алатката за внесување на текст (Т) а потоа кликнете на горниот десен агол на сликата.

7. Изберете фонт пр. Lucida Sans Bold, големина 22pt, боја каква сакате, порамнување десно

8. Напишете MEZZO FORTE и тоа во два реда при тоа FORTE повторно зголемете го. Со алатката за преместување или со копчето Ctrl преместете го текстот на саканата позиција. Кликнете на ОК и автоматски се прави нов слој кој е обележан со буквата Т. Изгледот на слојот може да се подобри со внесување на специјални ефекти, сенки, сјај, косини или релјеф од големиот избор на програмските ефекти за слоеви. На ист слој можете да примените и комбинација на различни ефекти.

9. Ако е активен слојот за текст изберете Layer- Layer Style – Drop Shadow

10. Сменете ја непровидноста на 60% и поставете агол 1500

11. Изберете Bevel and Emboss на новиот слој потоа променете ја непровидноста за Highlight и Shadow на 50 % изберете Inner Bevel за стил и поставете Blur на 2 пиксели, кликнете ОК.Ефектите се забележуваат на слојот. Секоја измена на текстот ги проследува и ефектите.

12. File – Save.

ФИЛТРИ

За брзо внесување на специјални ефекти на уметничкото дело може да се примени и некој од множеството расположиви филтри. Во овој дел на нашата работа ќе примениме филтри за измена на позадината.

1. Кликнете на позадината на палетата Layers и активирајте ја.

2. Изберете Filter-Distort-Wave. Поставете Number of generators 3, maximum Wavelength 350, minimum Amplitude 1, maximum amplitude 20. Кликнете ОК.

3. Изберете Filter- Brush Strokes-Angled Strokes а потоа кликнете на ОК за да се прифатат понудените параметри.

4. Потоа изберете го и филтерот Filter-Fade Angled Strokes. Поставете непровидност на 50% , режим Multiplay и кликнтете ОК.

5. можете да пробате и други филтри

РЕТУШИРАЊЕ

Photoshop нуди многу алатки за ретуширање на сликите, вклучувајќи ги алатките за осветлување и затемнување, како и оние за прилагодување на бојата, тонот, контраст, нијанси и заситеност.

1. Кликнете на слојот дувачки инструмент.

2. За одредување на основниот контраст и опсегот на тонови помеѓу осветлувањето и сенката на дувачкиот инструмент изберете Image-Adjust-Levels.

3. Во дијалог прозорецот изберете ја опцијата Preview и повлечете ги левиот и десниот триаголник кон внатрешноста до положба на која започнуваат првите шилци на темни и светли краеви на опсегот на бои во хистограмот.( Channel- RGB, Input levels-0, 1, 255)

4. Кликнете ОК за да се применат измените и да се прошири опсегот на тонови на сликата. Ќе забележите дека меѓутоновите на дувачкиот инструмент и понатаму не се како што треба , неопходно е да бидат поцрвени. За корекција на бојата се користи командата Color Balance.

5. Изберете Image-Adjust-Color Balance. Во дијалог прозорецот се подесуваат мешавините на боите на сликата.

6. Изберете ја опцијата Preview во дијалог прозорецот повлечете го горниот лизгач од Cyan према Red а потоа кликнете ОК. Инструментот постанува поцрвен. Гребнатинката пак можете да ја отстраните со помош на алатката печат. Оваа алатка овозможува да земете примерок од сликата а потоа да сликате со помош на земениот примерок.

7. Два пати кликнете на печатот, за да ја прикажете палетата Options и изберете ја опцијата Aligned. Потоа изберете мала четка (33) во вториот ред на палетата Brushes.

8. Поставете го печатот одма покрај гребнатинката. Задржете го копчето ALT а потоа кликнете за да земете примерик од површината. Отпуштете го копчетео Alt потоа повлечете го печатот преку гребнатинката

9. File –Save.