Сликање во Photoshop
Со мала помош на филтери во фотошоп можете да симулирате сликање и од фотографија да направите вистинско мало уметничко дело и сето тоа за десет минути.
Отворете некоја фотографија.
Сама по себе фотографијата е одлична и тешко е тука нешто да се додаде или одземе.Но ајде нешто да научиме. На палетата Layers притиснете Background и повлечете го на иконата која ја означува стрелката долу да направите нов слој.
Променете ги имињата на слоевите.Кликнете двапати на Background iи во прозорецот кој ќе се појави запишете » boja «. Кликнете двапати на слојот Background copy и сменете му го името во » olovka «.
1. После ова одете на Image-Adjustments-Desaturate за да и ја одземете бојата од овој слој.
2. Одете на Image-Adjustments-Brightness/Contrast и кога ќе ви се отвори прозорец како на сликата долу подесете Brightness : 50 , Contrast: 50
3. На крајот ни преостанува да го смениме моделот на настапување на овие два слоја на палетата Layers . Го искористивме моделот Soft Light но тоа е различно од случај до случај. На сликата се гледа мојата палета Layers .
На овој слој ја завршивме работата. Останува да го дотераме слојот » boja « и тоа е тоа.
Активирајте го слојот » boja « со клик на него и продолжете во чекори.
4. Одете на Filter-Noise-Median и кога ќе ви се отвори прозорец како на сликата подесете ги вредностите како на неа.
5. Одете на Image-Adjustments-Hue/Saturation и кога ќе ви се отвори прозорец какона сликата подесете ги вредностите како на неа.
Тоа е тоа.За сега е готово.
Можеби некому ќе му се чини дека ја расипавме фотографијата, можеби е тоа вистина но барем нешто научивме.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
2 коментари:
Уметноста има многу лица. :)
хехехехехеее ... во право си :)
Објави коментар